„Со еден клик до кредит" - скопјани многу лесно паѓаат на „брзите кредити"

Немате пари за одмор? Немате пари за убавите пар чевли? Сакате нов автомобил? Белата техника во домот ви е пред расипување? Станот ви станува се потесен? Не се секирајте, постои спас и за вас...

Ова се само мал дел од рекламите кои се вртат низ медиумите, каде на луѓето им се нудат брзи и лесни кредити, како спас од ситуацијата во која се наоѓаат.

Брзи и лесни во смисла, брзо доаѓате до нив, без чекање со денови, недели или пак месеци, без жиранти.

Баш и поради таа причина, речиси секое македонско семејство се одлучува на овој чекор. За реновирање, за доградба, станбен кредит, за автомобил, потрошувачки, за свадба, за матура...

Некои се глават и со години не можат да им се раздолжат на банките. Земаат од една враќаат во друга.

Секој корисник има право предвреме, кога сака, целосно или делумно да го врати банкарскиот потрошувачки кредит. Притоа, според Законот за потрошувачки кредити, точно се знае колку банката може да го „напенали“.

Но, до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) многу често стигнуваат поплаки од граѓани. Велат дека банките им наплаќаат 30 отсто од целата сума на крадитот што решиле предвреме да го исплатат, а според Законот максималната „казна“ е 0,5 до еден процент.

-Многу често се случува банките да наплатат огромна ставка пенали со што е директно оштетен потрошувачот. Според Законот, кредиторот има право да наплати пенал од еден процент за кредит кој има повеќе од една година, а 0,5 процент за кредит кој има помалку од една година. Ако сте во третата година од враќање на вашиот кредит, а ви  останале уште две години, банката смее да ви наплати само еден процент од вкупната вредност на кредитот. Ние добиваме поплаки дека наплаќаат 30 проценти од целата вредност на кредитот. Ако станува збор за мал кредит од 300 евра не е многу пари, но ако се работи за 100 или 200 илјади денари, тогаш е веќе дискутабилно, велат од ОПМ.

 

 

air max 90 essential sale