Следните денови најголем пресврт со времето: Пекол уште во јуни, температури од 40 степени

Во следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на Африкански бран кој ќе условува МНОГУ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ на воздухот како и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ ИНДЕКС кој ќе има коефициент некаде од 10 до 11, стои во временската на Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност во текот на претпладневните часови додека поради многу загреаната атмосфера и многу топлото време како и поради екстремно високиот УВ ИНДЕКС во попладневните и во вечерните часови ќе има локално дестабилизирање на атмосферата и расвој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во ваква ситуација процесите може да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Температурите на воздухот полека но сигурно се се поблиску до 40°C па така во следните денови истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 27 до 34 – 35 степени.

Според моменталните анализи со кој ние располагаме уште потопло би било некаде према 10 јуни кога во најтоплите региони температурите на воздухот би се искачувале некаде до околу 37 – 38 степени.

НАПОМЕНА: И покрај најавениот африкански бран сепак да напоменеме дека во следните денови во попладневните часови и навечер ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална ПОЈАВА НА НЕВРЕМЕ со град.