Скопски фраер, јаде ручек од мама, зема пари од тато и мисли дека има којзнае какви проблеми

Ако имаш лична карта, имаш способност и да се снајдеш. Со други зборови, спакувај ги куферите и пронајди се себеси во белиот свет кој е полн со кривини, неправди и сиромаштија, но кога ќе ги заработиш своите први пари, ќе го цениш она што си го имал во семејниот дом.

Наоколу има фраери кои глумат живеат од џепарлакот што им го дава тато, а откако ќе го изеде ручекот што му го подготвила мама и излезе од дома испеглан, дотеран и најаден, сепак се чуди и мисли дека има којзнае какви проблеми.

Зошто би се селел од дома? Ако неговото секојдневие е трошење на пари кои тој не ги заработува и истите ги троши на различни облици на лесна забава, а навечер лута низ градот како „алфа маж“, тој суштински не гледа зошто би менувал нешто. Кога би го изгубил она што го прави неговиот живот лесен, тогаш би ја сфатил изреката која вели: големи деца=мали мажи“. Со други зборови, сите оние кои од себе прават најголеми фраери во градот и го промовираат својот успех и статус, најверојатно го немаат ниту едното, ниту другото, туку уживаат во претставата за себеси. Недостигот на независност продолжува и откако ќе се иселат од дома и кога почнуваат да живеат со цимер или девојка. Ситуацијата во која тој живее сам е вонредна вест во 21 век.

Не се обидувам да обвинам некого или да го истерам синот од домот на своите родители, но за промена би сакала да престанат да глумат независни кога не се. Работата е многу јасна. Независен маж си кога живееш во својот стан, од свои пари и кога знаеш да се грижиш сам за себе и подолго од 24 часа. Во спротивно јасно е дека си навикнат некој да се грижи за тебе, дури и кога нема причина за тоа. Проблемите не постојат додека самиот не почнеш да се соочуваш со нив. Се дотогаш, ти си дете кое чека родителите да направат се наместо него и тие да му ги решаваат проблемите.