Скопје ќе добие улици именувани во чест на Аки Рахимовски и Александар Џамбазов

На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, две скопски улици ќе добијат нови имиња.

Една во централното градско подрачје се очекува да биде именувана во чест на Александар Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, кој порасна во Скопје.  

Друга улица од главниот град ќе добие име во чест на маестро Александар Џамбазов како заслужен граѓанин и истакната личност од Скопје.