Скопје енормно загаден

За време на викендот и ова утро Скопје буквално се гуши. Регистрирани се високи концентрации на штетните ПМ10 честички.

Во Бардовци загаденоста е 174 микрограми, на Водно 232 микрограми.Загадено е и во Кисела Вода со 383 микрограми.Во Драчево се измерени 232 микрограми, а во Ѓорче 270.

Поради високите концентрации кои се штетни по здавјето и се над 100 микрограми на метар кубен, засега се само препораките до населенито да не излегува без потреба, да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, пда се јаде свежо овошје и зеленчук.