Скопје доби „зелена автобуска станица“ каде граѓаните можат да наберат семе

Скопје ја доби втората зелена станица, каде граѓаните на главниот град можат да наберат пакетче со семиња од различни растенија и да ја разеленат околината.

Иновативната автобуската станица е лоцирана на булеварот „Митрополит Теодисиј Гологованов“ во непосредна близина на поранешната фабрика „Алумина“. 

Станува збор за креативно решение на Халк Банка, како дел од зелената иницијатива „Халк Еко“ која има цел да поттикнува придонес за зелена средина и градење здрави животни навики. Во рамки на оваа иницијатива досега се засадени повеќе од 30 илјади нови дрва на неколку локации во Македонија.