Скопје доби зелен виолински клуч и „цветно“ пијано

Ново зеленило и цвеќе во центарот на Скопје. Виолински клуч е новата цветна фигура која ЈП Паркови и зеленило ја оформија и уредија по повод 21-ви јуни, светскиот ден на музиката.

- Музичкиот знак  беше инспирација за нашите вредни екипи да го исцртаат на зеленилото во паркот Ибни Пајко, каде белата бегонија му ја дава компактноста и разноликоста на самиот знак, притоа вклопувајќи се во хортикултурната целина низ зеленилото во центарот на градот. Одбележувањето го заокруживме и со уредување на цветната фигура Пијано, во реонот Кале каде екипите ја уредија со летното цвеќе од видот петунија, информираа надлежните за уредување на зеленилото во градот.