Скопјанка заврши во болница откако паднала во автобус

Скопјанка завршила во болница со тешки повреди откако паднала во автобус. 

Вчера околу 10:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“, С.М.(53) од Скопје паднала во автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(29) од Скопје, во кој се превезувала. 

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид бил извршен, информираат од МВР.