Скопјани в сабота ќе го рушат Гинисовиот рекорд на новогодишна елка создадена од луѓе

Град Скопје преку својата официјална Фејсбук страна ги повика жителите в сабота на Винтерленд, на Плоштад Македонија да дојдат во што поголем број за да го срушат најголемиот Гинисов рекорд на новогодишна елка создадена од луѓе!

- Споделете и дојдете на Винтерленд во сабота (21.12) во 13 часот да го сместиме Скопје на светската Guinness мапа, апелираат од градкста управа.

(Фото - Скопјеинфо)