Скопјани си најдоа ново место за бесплатен паркинг! (фото)

 

Градскиот кеј на брегот на Вардар полека но сигурно станува место на кое почнаа масовно да се паркираат возила.

Изминативе неколку дена кејот буквално е преплавен од автомобили, а никој не знае од каде возачите успеваат да се спуштат со возилата на пешачката зона. Урбаната рекреација на пешаците, велосипедистите и децата на кејот целосно е попречена оти мораат да ги заобиколуваат возилата и постојано да внимаваат да не налетаат на нив.

- Инспекциските органи на градот ќе извршат увид и доколку се констатира паркирање на зелените површини, ќе се побара сообраќајната полиција и пајак-службите да реагираат на вакви појави - велат од градот.

Фото: Нова Македонија