Скопјани сепак нема да добијат брзо автобуско метро - ВМРО – ДПМНЕ и Левица гласаа против

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град не гласаа "за", за проектот со кој Скопје да добие автобуско метро.

Откако две години проектот БРТ беше отфрлен од страна на градоначалничката Данела Арсовска, а неодамна одлучи сепак да го гради, сега тој не доби „зелено светло“ од советниците во градот. тоа значи дека скопјани наскоро нема да добијат брз автобуски превоз.

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и советникот од Зелен хуман град, Горјан Јовановски не гласаа за негово имплементирање. Само 19 советници гласаа "за".

Советнциите на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата рекоа дека не знаат зошто се продолжува овој проект кога тој не беше дел од програмата на Арсовска „За модерно Скопје“.