Скопјанецот кој исчезна вчера пронајден жив и здрав

Скопјанецот Мицко Тргачевски кој вчера околу пладне исчезна од својот дом синоќа е пронајден жив и здрав.

Поради болеста заминал од дома и се изгубил, но со помош на семејството и граѓаните е пронајден.

Семејството е благодарно на сите што помогнаа Тргачевски да се врати дома.