Скопјанец си ја претепал целата фамилија

Во 22 часот синоќа во полицијата во Кисела Вода било пријавено дека 42-годишниот М.М. од Зелениково дома направил хаос. 

39-годишната Т.Б.М. се јавила во полиција и пријавила дека таткото ги нападнал не аи нивните две ќерки, така што кога дошол во дворот од нејзиниот дом со нивната тринаесетгодишна ќерка веднаш почнал да и се заканува. Ги турнал децата и физички ја нападнал сопругата удирајќи ја по главата и лицето. Потоа, пред децата ја влечел и за коса, информираат од полциијата.

Според пријавата на несреќната скопјанка, насилникот со клоци ја удирал и постарата ќерка, 18-годишната А.М. а откако реагирал 56-годишниот чичко на децата В.Б. и му рекол да си оди, насилникот си заминал.  

Помалата ќерка ја известила мајка си дека пред да ја донесе, таткото околу 20 часот во неговиот дом  физички ја нападнал и ја повредил на надлактицата на десната рака.

Инаку, од физичкиот напад мајката се здобила со видливи повреди во пределот на лицето на десната страна во вид на гребаница. А.М. се здобила со модринки на двете надколеници,  а помалата ќерка се здобила со видлива повреда на десната рака. На сите им била укажана лекарска помош во болницата Св.Наум Охридски.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.