Скопјанец се послужил со пари од фирмата, го признал делото

На 15.12.2022 во Полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.
Тој се сомничи дека во обложувалница на ул.„Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари кои што му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје, информираа од МВР. 

Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата.
За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.