Скопјанец раскажува: Бев желен за родителска љубов – ме напуштија, мајка ми се премажи, а татко ми замина во странство

-И иако имам сега 40 години, како вчера да беше, се сеќавам. Малтретирање, тортура, непроспиени ноќи, многу солзи, многу ќотек, многу понижувања...

Скопјанецот Мето се сеќава на своето детство, додавајќи колку би сакал да може да се избрише... Иако станува збор за минато, се, си има свои последици, дури и сега после толку многу години.

- Моето детство беше ужасмо. Прво гледав како татко ми ја тепаше мајка ми. Кога мајка ми се премажи, нејзиниот маж постојано ме тепаше мене. Кога додјов да живеам кај баба ми Драгица, дедо ми загина во сообраќајна несреќа. А во училиште поради сиромаштијата се одвојував од децата. Се плашев постојано што ќе биде со мене ако останам сам, раскажува Мето.

Но, баба му била тука. Го напуштила пред неколку година. Се разболела и за крато починала.

Родителите ме напуштија, а јас бев добро дете. Често се прашував поради што тоа сум го заслужил. Многу сакав моите родители да се запрашаат како би им било на нив да се на мое место. Бев желен за родителкса љубов. Никогаш не сум ја имал иако родителите ми се живи. Ме оставија. Ме одгледала баба ми. Не се срамев за тоа, но сакав да почуствувам како е кога те сакаат мама и тато, раскажува Мето.

Мето денеска е фамилијарен човек. Има три деца, вели дека неизмерно ги сака.

-Тие ќе го имаат сето она што јас никогаш не сум го имал. Пред се ќе имаат родителска љубов...

Сите денешни вести прочитајте ги тука.