Скопјанец пукал на свадба во Тетово и ранил малолетник

Од куршум е повреден малолетник во Тетово. 

-На 16.07.2022 во 02.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош, соопшти полицијата. 

Се превземаат мерки за расчистување на случајот, по што во координација со Јавен обвинител ќе биде изготвен соодветен поднесок.