Скопјанец брутално нападнат на улица

Во 03.00 часот во Единицата за информации и команда Скопје, 31-годишниот Р.Е. од Скопје пријавил дека околу 22.30 часот на улицата „Хаџи Јован Шишков“ во Скопје му било извршено разбојништво од неколку непознати лица, кои му го одзеле мобилниот телефон и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.