Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.

Според извештаите, епицентарот бил на 22 километри југо-југоисточно од Лардос, на длабочина од 61 километар.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.