Силен топлотен бран во Грција, доктори распоредени во Атина

Грција беше погодена од првиот топлотен бран во сезоната, кој ги затвори училиштата, како и археолошките локалитети, како Актрополис, а лекари беа распоредени во Атина.

Како што јави „Ројтерс“, метеоролозите предвидуваат дека температурата денеска и утре ќе достигне 43 Целзиусови степени. Акропол денеска ќе биде затворен од пладне до 17 часот, а два дена ќе бидат затворени и многу основни училишта и градинки во државата.

Минатата година високите температури поттикнаа разорни пожари и дождови предизвикаа некои од најголемите поплави досега, според „Ројтерс“. Високи температури беа забележани минатата година во поголемиот дел од јужна Европа, вклучувајќи ги Португалија, Франција, Шпанија и Италија.

Пожарите оваа година во Грција почнаа порано од очекуваното, вклучително и оној во март. По минатогодишните разорни шумски пожари, Грција ги засили подготовките за гаснење пожари ангажирајќи повеќе персонал и засилувајќи ја обуката за спасувачите.