Што ќе значи прогласената епидемија на морбили низ целата држава?

Прогласена епидемија на морбили во целата држава. Здравствените власти се одлучија за ваков чекор откако бројот на заболени од мали сипаници достигна 961 лице. Дополнително, шест Центри за јавно здравје кои покриваат повеќе од половина територија на Македонија имаат прогласено епидемија, а евидентирани се морбили во 20 градови.

Прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции и да се спречат тешките форми на ова заболување.

Најмногу заболени се деца на претшколска возраст. Најголем дел од мерките се однесуваат на оваа најранлива категорија, а една од нив е што забраната за прием на невакцинирани деца во градинка се проширува на ниво на цела Македонија.

“Втората мерка која е предложена е да се намали возраста за вакцинирање од 12 месеци на шест месеци, бидејќи голем дел, речиси 100 деца се на возраст под една година и тие се највулнерабилна група за тешки форми на заболувањето...”

Од Комисијата за заразни болести велат дека не можат да предложат забрана за прием на невакцинирани деца во училиштата, затоа што според законот, основното и средното образование е задолжително.

Предложените мерки, покрај децата, ги опфаќаат и возрасните групи граѓани, пред се медицинскиот персонал.

“Сите здравствени работници на територија на цела држава да мора да се вакцинирани со две дози на МРП вакцина, се забрануваат посетите на болниците, учителките во градинките задолжително проверени за нивниот вакцинален статус...”    

Во моментов од мали сипаници хоспитализирани се 55 деца на инфективната клиника и 15 на педијатрија, од кои седум се во тешка здравствена состојба.

cheap nike air max 90