Што е индуктивна дисциплина и зошто казните и дисциплирањето не се исто

Зошто е добра индуктивната дисциплина?

Професорот по клиничка и развојна психологија на Универзитетот во Њујорк, Мартин Хофман, вели дека постојат три типа родителство: индуктивно, родителство базирано на употреба на моќ и трето кое се однесува на одземање на нежноста и на љубовта. Меѓутоа, се смета дека индуктивното родителство е најдобро бидејќи е поврзано со добри резултати кај децата.

А што е всушност индуктивната дисциплина?

Станува збор за метод на родителство кој се служи со расудување, односно постојано изнесување факти за да се објаснат постапките, вредностите и дисциплински пристап на родителот. Индуктивното родителство е родителски стил кој се служи со индуктивна дисциплина за да постави јасни граници, да ги потсети децата на правилата и со нив да дискутира за причините поради кои треба да се однесуваат одговорно во општеството. Овој стил, секако, дава подобри резултати од оној во кој родителите користат моќ за да наметнат правила, да ги наметнат своите очекувања и за да го контролираат однесувањето на децата.

Кои се бенефитите од индуктивната дисциплина?

Помалку проблематично однесување

Децата од училишна возраст чии родители го практикувале овој начин на воспитување и на дисциплинирање на децата во раното детство, поретко имаат проблеми со однесувањето или со малелетничка деликвенција.

Подобра емоционална саморегулација

Индуктивната дисциплина се потпира на вербалната комуникација и родителите тука служат како надворешни регулатори (медијатори). Децата од нив, од нивните примери, од нивните постапки и од начинот на кој тие се однесуваат, учат како да ги контролираат емоциите и да го приспособат однесувањето.

Поголема емпатија и подобра социјализација

Подобро развиени вештини за критичко размислување и поголем успех во школувањето

Всушност, индуктивното расудување е многу важна вештина за учење и е клучна за когнитивниот и за интелектуалниот развој. А како што велат научниците – тесно е поврзана со академскиот успех. Со користење на овој модел на дисциплина, родителите всушност ги учат децата да размислуваат критички.