Шилегов не даде ветување дека бегалски кампови на територија на Скопје нема да се градат

Шилегов не даде ветување дека бегалски кампови на територија на Скопје нема да се градат, но ја обвини опозицијата дека се обидува да создаде страв кај граѓаните. 

За документите кои беа објавени  по социјалните мрежи дека Агенцијата за планирање на просторот бара од Општината Карпош податоци за проектот изградба на прифатен центар за странци во Бардовци, Шилегов тврди дека работат на  проширување на капацитетите за бездомни лица во Визбегово.

Ја обвини опозицијата и рече дека такви  информации јавноста ќе слуша се повеќе.

„ ДПМНЕ- то и некои медиуми, бегалски капови градат две години Во моментот кога криминалното раководств почна да го губи тлото под нозетеза себеси да се спаси од затворските казни и да направи хаос и страв меѓу народот. Во Град Скопје има 452 бездомни лица капацитетот во Визбегово може да здрижи околу 80 од нив. Заедно со МТСП работиме на зголемување на тој капацитет то а е нешто што ние како град скопје треба да партиципираме да дадеме можност на нашите граѓани кои животот ги однел на улица. Секој треба да биде помаган. Оваа човечка димензија нема да биде злоупотребувана за политички дневни спинови, изјави Шилегов.

Според документите, се работи за голема површина во Бардовци, за која Агенцијата веќе ја отпочнала постапката. Општина Карпош демантираше и ги отфрли информациите дека било каков допис пристигнал до нив. Оттаму велат дека прифатен центар не е дел од планскиот развој на Бардовци или на било кој друг дел од Карпош. Реагираше и ресорната министерка, според која ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести. Царовска тврди дека бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во земјава.