Семејство живее под мост, мајката е со мозочен удар

Под мост во Аеродром во близина на универзитетот Фон, живее цело семејство. Тричлената фамилија која останала без дом и ги чува и издржува синот кој собира пластични шишиња за да им обезбеди на родителите основни средства за хиегиена и парче леб, пишува досие.мк. 

Мајката неодамна има преживеано мозочен удар и не зборува односно е нема, па таткото се грижи за неа додека синот собира шишиња и макотрпно работи да донесе векна леб. Барале помош од сите установи но не ја добиле од ниту една.

Добрамерници кои поминале од оваа локација апелираат до луѓето кои маат можност било како да му помогнат на ова семејство. Секој што сака да помогне со храна средства за хигиена, облека а особено зимска во пресрет на студот и снегот, секако и привремено живеалиште може да дојде кај луѓето дирекно. Никого нема да избркаат или да не го пречекаат.