Сеќавање на старата Топаана (ФОТО)

Ова маало се простирало по Тахта Кале на периферијата на градот помеѓу Еврејско, Пајко и Чаир маало и патот што води за Тетово и Качаник. Маалото било со тесни  улици покриени со калдрма. По Турците, во маалото се населиле Цигани, па оттогаш Топаана се смета за Циганско маало. Староседелците ги проверувале дојденците со прашањето: каде во градот е лоцирано Циганското маало? Доколку одговарале “во Топаана”, тие не биле вистински скопјани, бидејќи секој скопјанец знаел дека во Скопје има и друго маало кое се нарекува Циганско или Гази Менташ маало. Самото име Топхана има интересно потекло.

(Куќи во Топаана (Топхана), Скопје 1936 год)

Во минатото скопските Цигани се занимавале со тешки физички работи. Покрај другото, тие од шалитра правеле разни експлозиви, поради што нивниот квартал  бил наречен Топхаана (топ - топовско орудие, а “хан” - место за сместување). Некои податоци за производството на шалитра во с. Јурумлери, како и за преместувањата на Циганите од Јурумлери во Скопје и обратно дава истражувачот Глиша Елезовиќ . Според други извори, во Скопје уште во 15 век имало работилници за изработка на топови.  Во скопското село Јурумлери имало барутана, која, исто така, прераснала во калхана. Производството на шалитра не било карактеристично за Скопје, туку него го донеле Турците.

Скопските Цигани се делеле на две групи: Корано Роми (муслимански Цигани) и Гаџикано Роми (христијански или каурски Цигани).

Во циганските фамилии не се обрнувало внимание на образованието и воспитувањето на децата. Единствено што ги учеле, било децата да умеат да питачат. Некои цигански фамилии преку цела година работеле кај одделни газди. Според склучениот договор, работодавецот бил должен да им плаќа до сто гроша, 5 оки сол, 10 оки грав, 20 - 30 шиници јачмен, пченка или пченица годишно. Голем број Цигани биле носачи, а некои од нив биле и свирачи. Жените, главно, работеле по градските куќи за да добијат храна, стара облека или некоја пара.

Циганите од Топхаана биле добри бостанџии, одгледувале тутун, афион, а се занимавале и со други земјоделски култури под наем.

Славеле христијански празници. Во ова маало најбројно било циганското население.

Ганка Цветанова, родена во 1916 год., е ќерка на Трајко Стевчев Бакиќ. Ганка  била најстара ќерка, а по неа биле Соња, Стојан, Благоја и Вера. Во прво време, Трајко со својата фамилија живеел во Топаана, но поради добрата материјална положба во 1926 год. изградил нова куќа во центарот на Скопје, во близина на плоштадот, на улицата Максим Горки, а имале уште една куќа под Кале која ја нарекле Вила “Миља”.

Трајко бил сопственик на туланите “Слон” (денешна ИГМ). Тој поседувал и мелница на струја. И  туланите и мелницата всушност биле на негово земјиште, бидејќи тој го поседувал половина Топаанско Поле.

(Фамилијата на Трајко Стевчев, сопственик на туланата “Слон”)

Семејството Димишкови од селото Градовци во Скопје се доселило во 1898 год., во Топаана. Прадедото  во Градови правел воденици на реката Вардар, правел и кајчиња со кои ловел риба со помош на динамит  и така загинал. Неговиот син Ристо останал сирак на 10-годишна возраст и тој во Топаана се доселил во 1898 год.

Ристо се оженил со Параскева Стерјовска од Тетово. Параскева од првиот брак имала две деца, Столе и Ленка, а од Ристо ги родила децата Димче, Наталија и Катерина. Димче Димишков е татко на нашата испитаничка Марица Димишкова.

Ристо и Параскева од Топаана се преселиле на десната страна на реката Вардар, во центарот на градот.

Куќата била мала, приземје и кат со три соби, соба со трем и во дворот летна кујна и бунар. Во куќата имале струја, а со вода се снабдувале  од пумпа во дворот. Најубав од целата куќа бил дворот полн со цвеќиња.

cheap nike free run 5.0