Седум пати го укорив своето срце!

Првиот пат: Кога се обидов да стигнам до висока позиција искористувајќи ги послабите од себе.

Вториот пат: Кога се преправав дека сум нешто друго пред оние кои беа збогатени.

Третиот пат: Кога ми беше дадено да избирам, а јас го одбрав полесниот, наместо потешкиот пат.

Четвртиот пат: Кога ќе згрешев, а сепак се тешев со грешките на другите.

Петтиот пат: Кога бев смрзнат од страв, а си велев дека јас сум само трпелив.

Шестиот пат: Кога излегував за да избегам од животот.

Седмиот пат: Кога му пеев пофалби на Бога и мислев дека пеењето е доблест.