Седум одлики на расипаните луѓе

Расипаниот човек е како расипана конзерва – навидум сосема обичен. Изгледа како сите останати и тешко на прв поглед може да се разликува од другите. Баш затоа расипаниот човек е толку опасен.

Сфаќате дека е расипан дури откако станува доцна. Затоа на таквиот човек треба да му се обрне внимание и да го очекувате од него само најлошото, дури и ако убаво зборува, дели совети, се шегува и се смее, ви дава подароци...

Но, постои тука нешто, чувство на расипаност, иако речиси е незабележливо. А вие добро внимавајте на тоа чувство, за да не се сопнете од нивната добро поставена нога...

  • Расипаниот човек постојано зборува за некого, постојано озборува и осудува. Пренесува озборувања, а им се смешка на истите тие луѓе, љубезно разговара со нив и им става лајкови на социјалните мрежи.

  • Расипаниот човек завидува. Постојано зборува за туѓите пари, бара „неправда“ во туѓите успеси и се радува на туѓите неволји. Глуми дека му е жал, а очите му сјаат од среќа.

  • Расипаниот човек зад себе има многу конфликти. Се дружел со некого, бил близок, а сега го фрла во кал. А луѓето со кои се дружел не сакаат ни очи да му видат.

  • Расипаниот човек ги брои подароците кои ги дал. И колку колачи некој другар изел кај него на роденден. 

  • Секогаш се труди да изманипулира, да направи некој друг да плати вечера за него. Им должи на сите што ги познава и не ги враќа долговите, а ако го слушате него, сите него нешто му должат. 

  • Расипаниот човек нема трајни пријателства. Има „пријатели“ со кои ги озборува другите „пријатели“. Нема ни стабилни лични врски, затоа што сите бегаат од него. 

  • Расипаниот човек е лажго! Постојано го фаќате како лаже, но тоа вас не ве допира.

Но, ќе ве допре. Ќе дојде час кога ќе ве допре, кога удобно ќе си ја смести ногата за да ве сопне. Држете ги овие луѓе подалеку од себе и не очекувајте ништо од нив!