Се запали трска покрај брегот на Охридското Езеро

Вчера, во 11.15 часот, во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското Езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта, извести СВР Охрид.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.