Се запали барака на булеварот ,,8 Септември”

Изутинава избувна пожар во барака на булеварот ,,8 Септември” во Скопје. Според информациите од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарот избувнал во 6.50 часот, а по интервенција на пожарникарите бил изгаснат во 7.40 часот.

Во гаснењето на пожарот учествувале тројца пожарникари и едно возило. Опожарени се 10м2, a првичните проценки се дека е направена материјална штета од 30.000 денари.