Се вратија старите цени на полисите за осигурување

Се вратија пониските цени на полисите за осигурување. Владината одлука е објавена во Службен весник попладнето на 7 мај, а намалените цени осигурителните компании почнаа да ги применуваат од вчера.

Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 25 април. Со ова граѓаните треба да одвојат 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, 6 166 денари за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. За возило кое е од 66 до 84 киловати цената е 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати цената се враќа на старо 8 510 денари, а за возила над 110 киловати, 10 294 денари. 

Дали ќе ги вратат парите на граѓаните кои плаќаа поскапи полиси изминативе две недели  – се уште немаат став. Ќе бидат консултирани правниците, но неофицијално нема ни начин, ни основ за враќање на парите.

Процесот би бил сложен, затоа што полисите се продавале прегу агенти, на кои им плаќаат од 20 до 40% од вредноста на полисата.  Но, ако некое осигурително друштво сака, може да им ги компензира парите во полисата за следната година. 

Сепак, конечен став Групацијата на осигурителни компании, најавија за следниве денови.

Од Асоцијацијата за супервизија на осигурувањето велат дека неделно во просек се регистрираат околу 10.000 автомобили. 

И додека се чека официјалниот став од Групацијата, реагираа само од Комората на Серозападна Македонија, кои велат дека:

- Амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобилите, што е спротивно на acquis на ЕУ.

Од Комората додаваат дека со донесенатa одлука од страна на Комисјата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата.