Се санира кеј-патеката во Ѓорче Петров од каде беше украдена клупа и бехатон-плочки

Продолжува санирањето на кеј-патеката во реонот после Очната болница, кон Сарај.

На оваа патека подолго време ѝ беше потребна санација и рехабилитација, за да можат граѓаните од овој дел на Скопје полесно да стигнат до паркот Сарај или пак да пешачат до Хром. 

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, апелира до граѓаните да се однесуваат одговорно со урбаната опрема, со оглед на тоа што претходно во овој дел биле украдени клупа и голема количина бехатонски плочки од патеката.

Рехабилитацијата на патеката ја изведува ЈП Паркови и зеленило.