Се превртe полициски џип

Полициски џип денеска имаше сообраќајка во скопското село Јурумлери, по што излетало од патот и се превртело во канал.

Несреќата била предизвикана од автомобил кој претекнувајќи, му го пресекол патот на полицискиот џип, по што дошло до судир.

Според досегашните информации, во сообраќајката нема тешко повредени, а полицијата за подоцна најави повеќе детали.