Се појави необичен оглас: Се бара дадилка која ќе ги чува децата во текот на ноќта, за родителите да можат да спијат

На една од страниците за огласи се појави несекојдневен оглас за кој многу се зборува.

Во огласот се бара дадилка која во текот на ноќите ќе треба да го чува бебето кое има само две недели, за родителите да можат да спијат.

“Се бара дадилка – бараме дадилка која повремено ќе треба да го чува бебето во доцните вечени часови, пример од 23 до 7 часот наутро. Бебето се буди на секои 2-3 часа. Кога ќе се разбуди од вас се бара да го нахраните и да го успиете, и ако е потребно да му ги смените пелените. Родителите за тоа време секако ќе бидат дома, но потребен им е одмор.”