Се гушиме од загаденост, а секојдвено се палат и сечат македонските шуми – главен виновник е човекот

Според Државниот завод за статистика, во Македонија најголемите штети на шумите се последица од бесправна сеча, а веднаш потоа следат шумските пожари. 

Утврдено е дека 9 од најчестите 10 причини за пожар се предизвикани од човек. Тука спаѓаат: земјоделско чистење со палење, фрлање отпушоци и кибрити, логорски оган, палење на отпад, воени вежби, лов, употреба на алати кои искрат, пироманија, електрични несреќи и молњи.

Загадениот воздух е главна тема, која е присутна во текот на целата година, а особено во зимскиот период кога е во тек грејната сезона и кога голем дел од граѓаните се греат токму на дрва.

Во последните години се соочуваме со се` поголемо уништување на македонските шуми; огромни површини на шуми се уништени од нелегална сеча или шумски пожари.

Во Македонија има околу еден милион хектари површина под шуми, што е околу 10 илјади квадратни километри, или една третина од вкупната територија на земјата.

Според МВР, нелегалната сеча на дрвја во Македонија е во постојан раст. Во последниве години сведоци сме на огромни нелегални сечи на дрва на Шар Планина, како и на Скопска Црна Гора.

Некои влади донесуваат закони кои ќе обезбедат зачувување на шумите, но постојат работи што секој од нас може да ги направи индивидуално:

  • секогаш и во секоја прилика засадете дрво – наговорете ги своите пријатели и родители да го сторат истото!
  • купувајте огревни дрва и мебел направен од дрва од плантажи
  • користете помалку хартија - печатете работи од компјутер што навистина ви требаат
  • рециклирајте хартија - со рециклирањето ги зачувувате шумите
  • купувајте производи со помалку пакување - многу производи се обвиткани со непотребни слоеви на хартија или во непотребен број на картонски кутии
  • обидете се да не го користи дрвото како главен извор на топлина за греење