Се чисти коритото на реката Вардар

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и  на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2018 година, по налог на Градот, екипи на ЈП Улици и патишта Скопје спроведувaaт активности  за чистење на коритото на реката Вардар, соопштуваат од Град Скопје.

„На потегот од мостот Гоце Делчев до полигонот под Кале, екипите рачно и ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од  кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи на дожд.

Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското чистеше на минор коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје ќе продолжи и во текот на наредните денови“ стои во соопштението.