Се ближат празниците - потсетување на коледарството во старо Скопје

Старите скопјани се сеќаваат на традицијата за коледарството, кога дечињата оделе низ скопските маала и пееле коледарски песни. 

Во Фејсбук групата, „Стари скопјани“, членот Љупче Ѓошевски, споделил стара фотографија која го прикажува коледарството во минатото во Скопје. Фотографија која буди спомени и го најавува празничниот период кој ни престои.

„Коледеее, со душа чекавме да дојде коледе да одиме по Чаирските сокаци и малаа“, стои во описот на фотографијата.