Само сакал да си купи дрва - измамен скопјанец остана без пари

Седумдесет и три годишниот К.Д. од Скопје, вчера во 21:30 часот пријавил дека на 08.12.2018 година околу 12:00 часот на улица „Сава Ковачевиќ“ од страна на непознато лице извршена му била измама.

Имено лицето измамата ја извршил на тој начин што на 07.12.2018 година околу 11:30 часот дошол во дворот на пријавителот и му понудил дрва за огрев по цена од 2.500 денари од кубик при што оштетениот му кажал дека сака да купи пет кубика. Откако се договориле наредниот ден да се најдат и да одат во складот, на 08.12. на булевар „Борис Трајковски“ сторителот ја земал личната карта на К.Д. а исто така му земал и 12.500 денари за дрвата и му кажал да почека на автобуската постојка. По неколку минути сторителот повторно се вратил, му ја дал личната карта по што му рекол да оди пред фирма која била во близина кај еден од складовите и да ги почека дрвата. Откако никој не ги донесол дрвата, К.Д.  го пријавил случајот во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

nike air max 1 sale