Сакате да работите во странство? - Германија бара работници

За помалку од 3 години на граѓани од Западен Балкан им се одобрени 160.000 работни визи во Германија.

Во последните месеци до редакцијата на Дојче Веле која известува на јазиците од Западен Балкан, стигаат пораки од читатели кои не можат да добијат термин во германските амбасади, објави Б92.

Таквите ситуации се лична драма за луѓето кои имаат договор со германски работодавец, работна дозвола, но не и виза.

Во Приштина и Сараево се чека повеќе од година дена, во Белград седум месеци, во Тирана шест месеци.

Овој голем интерес почна во ноември 2015 година, но тој не беше планиран.

Германските работодавци бараат работник, но тоа да се реализира веднаш.