Саботата пред Прочка се јаде домашна пита: Што се крие зад традицијата „Умрело дете за баница“?

Денеска, според православието, е сабота пред Прочка, празник и традиција позната и како „Умрело дете за баница“. 

Според приказната, некогаш на овој ден некое сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. 

Секако, не постои дете кое буквално умрело, туку се однесува на последната сабота пред Велигден, кога се дојадува она што е мрсно низ дома, во овој случај млечните производи. На Прочка се јаде месо и од понеделник, почнуваат велигденските пости. 

Она што останува, треба да се подели со сиромашните. 

Во домовите традиционално се подготвува пита-баница со сирење, во чест на ова дете, но и како симбол на последниот ден во кој се јадат млечни производи. Прочка го означува почетокот на Велигденските пости. 

Дали и во вашиот крај се негува оваа традиција?