Вистински рекорд е вчерашното гласање на едно избирачко место во скопската општина Сарај. Според податоците од државната изборна Комисија, на избирачкото место 2458/1 во периодот од 13 до 15 часот гласале 307 лица.
Гласањето почнало со слаб одѕив. До 13 часот, само 74 лица излегле на гласање. Неверојатниот скок се случил во периодот од 2 часа кога според математиките гласачите пуштале ливче во гласачката кутија на секои 23,5 секунди.
Доколку институциите решат да отворат истрага, таа веројатно ќе ги даде одговорите на тоа, како избирачкиот одбор на ова место во Сарај успеал на секој гласач за помалку од 23,5 секунди да му ја спроведен следната процедура.
Пристигнување на гласачко место, идентификација со лична карта или пасош, пронаоѓање во избирачки список, проверка со УВ ламба, прскање со спреј, откинување на ливче.
Ако ова комисијата во Сарај успеала да го заврши за околу 20 секунди, тогаш на гласачот ќе му останат околу 3,5 секунди да појде зад параванот, да заокружи и да го пушти ливчето во кутијата.
На крајот, гласањето на ова место завршило со извонредна излезност од 96,36% или, од запишани 471 гласач, на гласање излегле 454. Од нив, само тројца биле против, а сите останати гласале За.
Уште побрзо се гласале на избирачкото место 2450 каде во периодот од 11 до 13 часот гласале 334 лица или по еден човек на секои 21,5 секунди а гласањето завршило со над 90% излезност.
Како поминало гласање на ова место на претходните избори
На локалните избори за општинскиот совет во Сарај минатата година , според податоците кои стојат на сајтот на ДИК, во избирачкото место 2458/1 биле запишани вкупно 477 гласачи. Од нив, на гласање излегле 174 или 36.48%