Регистрирани се 3803 оздравени пациенти - зошто денес оваа бројка е толку голема?

Според денешните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 3803 оздравени пациенти од:
Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30, Свети Николе – 24, Радовиш и Делчево – по 22, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3, Пробиштип, Валандово и Македонска – по 2.

Ова е нетипично висок број на оздравени лица во еден ден, но сепак се работи за задоцнето пријавување на оздравените, поради одредени причини наведени во соопштението на Министерството за здравство:

„Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01-31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ“, се вели во нивното образложение.