Работа за Македонци: Во оваа држава може да спечалите до 23.000 евра годишно

Во Италија како медицинска сестра-техничар, може да заработите од 21 – 23 000 евра годишно.

Медицинска сестра е една од најбараните професии за работа во Италија и Германија.

Актуелните огласи нудат работа на оваа позиција во Северна и Централна Италија, во установи за грижа на стари лица, но работодавачите нагласуваат дека не станува збор за ковид центри.

-Медицинските сестри- техничари во установите за продолжена нега на стари лица, имаат централна, одговорна и самостојна улога, така што покрај беспрекорната техника, потребно е да поседуваат и исклучителни организациски вештини. Во овие случаи медицинските сестри не се негователки и не се задолжени за хигиената на пациентот, туку се клучни личности во спроведување на терапија и организација на работата, се наведува во огласот.

Потребна е Диплома од општ смер или стручна медицинска школа, положен државен испит за медицинско образование, но искуството не е пресудно.

Работодавачите ја средуваат работната виза и организираат бесплатни курсеви по италијански јазик. Во првите месеци е обезбедено бесплатено сместување .