Вооружен инцидент се случил вечерва во населбата Чаир во близина на маркетот Принц. 

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање, помеѓу две лица од едната со друго лице од другата страна, но додаваат дека во инцидентот нема повредени.

Како што велат од МВР повеќе детали за овој инцидент ќе бидат објавени утре бидејќи се врши увид на местото на настанот.

ТВ21 пренесе дека причината за престрелката се имотно - правни односи.