Прстот на кој го носите прстенот многу кажува за вашиот карактер

Прстенот не е само обичен украс на раката, тој многу може да каже за вашиот карактер. Според психолозите, прстот на кој го носите прстенот може многу да каже за вас како личност.

Ако некој носи прстен на средниот прст, тоа значи дека таа личност придава важност на убавината, затоа што накитот на тоа место ја нагласува елеганцијата на раката, но и укажува на самобендисаност. Потребата за внимание од околината е пропорционална со големината на скапоцениот камен.

Прстен на показалец укажува на силна волја и сила. Доколку некој на тој прст носи прстен со огормен скапоцен камен, тоа значи дека се работи за моќна и горделива личност. Украсениот десен показалец открива висока интелигенција, додека пак прстенот на левиот показалец укажува на склоност кон мегаломанија и хистерија.

Прстен на малиот прст најчесто носат глумци, сликари и дизајнери, но и необичните и оригинални луѓе.

Луѓето кои носат прстен на палецот, без оглед на тоа дали се мажи или жени, и придаваат големо значење на сексуалноста.

Прстенот на домалиот прст е знак за семејниот статус. Во стариот Рим, на тој прст се носел прстен од бронза како симбол за долговечен брак. Накитот од злато станал популарен дури во 3 и 4 век.

Доколку носите повеќе прстени на двете раце, тоа значи дека сте многу чувствителни и дека за вас сликата која ја градите пред луѓето е многу важна затоа така ги прикривате слабите точки.

 

Ако носите само еден прстен, тоа значи дека сте одлучни и сигурни во своите избори. Имате силен карактер, а кога себеси ќе си зададете некоја цел, со сета сила се трудите да ја остварите и покрај сите препреки.