Протестот за воздухот во сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не веруваат ни во оваа форма на барање права и изразување револт.

Првите сметаат дека е време за мирен но масовен протест в сабота со кој граѓаните ќе покажат дека не се согласни на живот во канцерогено општество, а другите, пак, сметаат дека повикот за протест е сомнителен оти нема организатор, ниту јасно поставени барања, што остава можност да има политичка заднина.

Повикот се појави вчера попладне, а се ширеше преку пораки на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„ драво напатен пријателу. Ти што воздух не можеш да земеш. Да пробаме да бидеме сложни барем кога се работи за здравјето наше и на нашите најблиски  Мирен, но масовен протест да им даде до знаење дека ни требаaт сериозни, способни луѓе, наспроти шарлатани, кои ќе нè извадат од најтемната и најзагадена точка на светов. Состојбата е алармантна и од ден на ден станува неподнослива. Да не дозволиме да нè навикнат на ‘живот’ во канцерогено општество. Сабота, 26.01 2019 година, во 13 часот, Собрание на Република Македонија. Протест против канцерогеното општество ! Заслужуваме да дишеме !!! Ако се согласувате, препратете ја поракава на колку повеќе луѓе можете. Здравјето пред сè!“, стои во пораката.

Откако се рашири пораката, се коментираше секој збор поединечно, тргнувајќи од напатеноста па сè до канцерогеното општество. Многумина јавно искоментираа дека без потпишан организатор, секој обид за протест за почист воздух завршува со само стотина луѓе на улица кои власта не ги сфаќа сериозно, а се коментираа и барањата што треба да се пренесат. Дел од активистите за почист воздух од претходните протести дадоа поддршка на протестот в сабота и во коментарите наведоа дека треба да се протестира симболично со медицински маски и да се бара парите што се одвојуваат за животна средина навистина да се инвестираат во подобрување на животната средина. Дел, пак, предлагаат да се бара парите за патните трошоци на пратениците и парите од членување во управни одбори да се пренаменат за животна средина, а има и предлози дел од буџетот предвиден за НАТО да се пренамени за поквалитетен воздух.

И оние кои го поддржаа протестот в сабота и оние кои се сомневаат дека има политичка заднина, се согласни дека состојбата со квалитетот на воздухот е алармантна и неопходна е граѓанска акција. Како охрабрување и едните и другите го гледаат протестот на пазарџиите кои успеаја да издејствуваат одлагање на Законот за пазари.

nike air max 1 sale