Додека во парламентот пратениците одлучуваат за уставните измени, надвор пред парламентарната зграда нов граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“.

На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот и дека “тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи“.