Пронајдени се 25 пакувања со кокаин кај едно лице

Денеска, во утринските часови, приведено е едно лице од селото Мала Речица кај кого била пронајдена дрога.

Според првичните информации од МВР,настанот се случил во 02:30 часот, по полноќ, на крстосницата помеѓу ул.„108“ и ул.„168“ во Тетово. При преглед преглед на лицето Х. Е.(37) од страна на полицијата, кај него, пронајдени се марихуана и 25 пакувања со кокаин.

Х.Е. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен поднесок.