Пронајдена минофрлачка граната во кумановско Бедиње

Вчера во СВР Куманово, Ш.Б.(55) од с.Отља, општина Липково, пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување работни задачи со работна машина на пат,  пронашол граната.

Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за корозирана минофрлачка граната калибар 120 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.