Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Ова се информациите на метеоролозите за денешната временска прогноза.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Утре, пак, претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со повремен дожд во северните и западните делови, а со сончеви периоди на југоистокот. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Во Скопје утре, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер, информираат од УХМР.