Проф.Трајковски: Кај нас е проблем нискиот опфат со вакцинација кај средната генерација

Професор Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа потенцира дека е штета што од Министерството за здравство не даваат повеќе информации за бројот на починати, вакцинирани и невакцинирани, особено според староста, за да, како што вели, можеме да направиме поточна пресметка на ефективноста на вакцините.

-Сепак, врз основа на последните минимални објавени податоци од петокот (88% од починатите биле невакцинирани), како и врз основа на опфатот со вакцинација кај постарите од 60 години (64% вакцинирани), еве една формула за пресметка на ефикасноста на вакцините кај оваа најстара возрасна група, вели Трајковски споделувајќи ја формулата за пресметка на ефикасноста на вакцините кај оваа најстара возрасна група во својот фејсбук пост. 
-Но, кај нас е проблем нискиот опфат со вакцинација, особено кај средната генерација, поради што сé уште гледаме високи броеви на починати, па со голо око не можеме да ја видиме ефективноста, констатира тој.