Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Стефанова

Судскиот процес за случајот „Рекет“ продолжува денес во Кривичниот суд.

Поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“ денеска треба да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Како сведок во судот исказ претходно даде даде и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.

Досега исказ дадоа и бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.